НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев со одлука да не се повлече, апелира за единство

0
By Биљана Секуловска on May 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кандидатот за лидер на СДСМ Зоран Заев донел одлука да не се повлекува од трката, по вчерашната итна средба со Радмила Шеќеринска, која според најавите, доколу победат, би била негова десна рака на лидерската позиција, изјавуваат високи извори од оваа партија.

Во исто време, како што велат изворите, Заев апелира за единство во Партијата, како и зрелост на членството, гледајќи ја СДСМ со новото раководство како надеж за Македонија и нејзините граѓани.

Заев претходната најава за повлекување ја донел откако во меѓупартиските односи видел дека постои закана за единство во Партијата, по претпоставките дека тој и Шеќеринска се фаворити за победници на јунскиот Конгрес, кога се бира наследник на Црвенковски и оттука и комплетно ново раководство.

Претходно, Заев даде воздржана изјава за најавите за негово повлекување:

-Не сакам да ги коментирам јавно внатрешните работи на СДСМ. Оваа цела постапка за претседател на СДСМ е внатрешна работа на мојата партија и ве молам да оставиме СДСМ да ги донесе најдобрите одлуки за својата иднина.

Во целата констелација на односи, моќта на Црвенковски е најголемиот предизвик за кандидатите, кои на разни начини се обидуваат или да ја неутрализираат ако веќе не можат да ја анулираат, други пак да ја наследат: Оние кои сакаат комплетни промени се обидуваат да создадат простор за целосна реформа во партијата согласно сопствениот авторитет и харизма, додека оние наклонетите кон него да го искористат за свои цели- со неговиот авторитет и харизма да го привлечат членството и да лобираат за своја победа.

Крајниот рок и конечниот епилог ќе биде познат на 16 мај, кога веќе ќе се кристализираат конечните кандидати и нивниот распоред на силите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.