Хенри Кисинџер еден од највлијателните американски дипломати во 20 век е изненаден од победата на Доналд Трамп на претседателските избори, но смета дека има прилика да направи помирување на ставовите кои постојат во јавноста како перцепција за надворешнополитичката улога на земјата и оние на тамошните елити.
Овој угледен американски дипломат, кој беше главен советник на поранешните претседатели Ричард Никсон и Џералд Форд укажува дека Трамп е избран претседател и дека во јавноста би требало да престанат дебатите за неговата способност да биде на позицијата на која е избран.
Тој смета дека на Трамп треба да му се пружи прилика да ја развие својата филозофија. На прашањето, дали би му помогнал во тоа, Кисинџер вели дека „нема да му се обрати“, но дека тоа му бил пристапот кон сите претседатели.
-Ако ме замоли да дојдам, ќе прифатам, вели Кисинџер.
Во интервју за американскиот Атлантик во изборната ноќ, Кисинџер предвидел дека државата ќе биде во шок поради изборот на Трамп, но додава дека мисли дека постои можност дека ќе се отворат, како што вели, нови дијалози.
На прашањето дали мисли дека Трамп е апологет на Путин, Кисинџер смета дека не е и додава дека само западнал во „одредена реторикабидејќи Путин кажал неколку добри зборови за него, тактички, па смета дека треба да му одговори“.
Не мисли дека нивниот однос е однапред договорен.
Кисинџер вели дека надворшената политика во светот во изминатите 6 до 9 месеци на некој начин била суспендирана во очекување на американските избори.
– Гледаа како поминуваме низ внатрешна револуција и желба им е да ја проучат некое време. Но во одреден момент самите настани ќе иницираат донесување на одлука. Единствен исклучок од ова правило ќе бидат одредени недржавни групи кои потенцијално имаат желба да предизвикаат американска реакција која ќе ја ослабе нашата глобална позиција, вели поранешниот американски дипломат.
Победата на Трамп тој ја опишува како феномен што прво е реакција на голем дел од внатрешните сојузиници на САД на нападите на интелектуалните и академските заедници на нивните вредности.




