НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реалниот Трамп

0
By Нова ТВ on November 16, 2016 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Стево Пендаровски, универзитетски професор

Американските избори се секогаш важни, а последниот избор беше исклучителен, така што се надевам ќе ми простите што уште еднаш се навраќам на темата. Без оглед на лимитираниот пристап до информации кои доаѓаат до нашиов агол на планетата, преку анализа на официјалниот твитер- налог на новиот претседател на САД, ќе се обидеме да разбереме зошто неговите погледи на светот прилично се разминуваат и, допрва ќе се разминуваат, со длабокоумните, пост-изборни анализи на балканските експерти. Значи, што  ние и светот очекуваме од него, а што тој, реално, може да направи?

Најзвучниот дел од кампањата беше за sидот кој ќе ги спречи илегалните преминувања од Мексико, но, таков sид постои повеќе од 10 години и се разбира, не ги спречува илегалните преминувања. Имено, на границата долга 3200 километри има ограда од над 900 километри, која Американците, еуфемистички ја нарекуваат “бариера” и која, во момент на искреност, Њут Гингрич ја нарече само ”добра изборна алатка”. Иронијата со планот за депортација на 3 милиони илегални мигранти од САД е дека тие се најмногу распоредени во државите во кои Трамп победи и каде што практично нема ниту еден белец кој сака да чисти улици или да работи на поле за дневница од максимум 10 долари.

Секој просечен експерт за тероризам ќе ви каже дека уништувањето на ИСИС е невозможно, исто како што Ал Каеда е сеуште жива, цели пет години по смртта на нејзиниот водач. За значајно намалување на потенцијалите на Исламската држава ќе биде нужна масивна копнена офанзива во Сирија, а таква авантура, ниту американскиот народ ќе поддржи, ниту, пак, САД за тоа имаат интереси и ресурси после неверојатно скапите хаварии во Авганистан и Ирак.

Најголемата изборна илузија е враќањето на американските бизниси назад, затоа што, според изборниот победник, тн. оутсорсинг значајно ја уништил економијата. Се прераскажува анегдотата како Трамп на претседателот на Форд моторс му рекол дека ако ја затвори фабриката во Детроит и отвори иста таква во Мексико, ќе му наметне 35% увозна такса поради што никој нема да ги купува нивните автомобили. Се разбира, вториот дел од равенката не го споменал, имено, дека нивните коли, ако производството остане во САД, поради цената на трудот и така ќе бидат прескапи во однос на корејската и јапонска конкуренција.

Идентичен ефект ќе има и најавата дека САД ќе влезат во “трговска војна” со Кина заради потценетиот јуан и државната поддршка на кинескиот бизнис, поради што Трамп најави увозни тарифи од 45% за кинеските продукти. При тоа, не кажа дека во таков случај Кина, веднаш ќе возврати со иста мерка, со што, прво, ќе биде намалена трговската размена од 65 милијарди долари на годишно ниво и второ, американските компании во Кина ќе добијат драстично изменет амбиент за водење бизниси, при што, Кина многу полесно ќе најде алтернативни инвеститори за разлика од американскиот пазар кој и сега е ноторно тежок за пенетрирање.

Не се случајни ниту пост-изборните најави за ревизија, наместо укинување на сеопфатниот план за здравствена заштита на Обама, затоа што со него не добиваат државна поддршка само имигрантите, како што тврди популарниот предизборен мит, туку и најсиромашните црни  и бели слоеви. Затоа, пред изборите, републиканците беа сигурни дека ќе застанат зад целосно укинување на клучниот проект на Обама, меѓутоа, пост-изборните анализи покажуваат дека гласачите на Трамп кои можат да бидат погодени од таквиот потег не се истите традиционални републикански гласачи кои и претходно имаа здравствено осигурување.

Моја проценка е дека новиот претседател на САД ќе има многу повеќе главоболки дома, отколку надвор од своите граници, затоа што, во меѓувреме, Обама, реално, веќе прилично ја повлече Америка од светот, од Европа потполно. Внатрешен проблем број еден се интензивираните расни поделби незабележани по 1964-та и за таа болка Трамп предлага несоодветен лек: зголемување на полициските овластувања и буџет, наместо поинаква обука за трансформација на доминантниот полициски менталитет кој денес се потпира на агресивен настап и расно профилирање. Слична контрадикција ќе се појави и со најавите за зголемен воен буџет, во исто време со заложбата за повлекување од неколку важни воени партнерства, со цел, сојузниците да плаќаат повеќе за заедничките мисии.

Конечно, во безбедносниот комплекс, вистинска бура предизвика предлогот за забрана за влез на муслиманите во САД додека не бидат целосно проверени. Освен што е технички тешко изводливо, таа мерка и практично нема да врши работа, затоа што сите терористички напади, со исламски  предзнак, на тлото на Америка, по 11 септември беа извршени од тн. домашни муслимани.

Да заклучам, со клучните изборни ветувања на победникот во САД треба да бидеме претпазливи, освен со најавите дека духовниот советник на Трамп, долгогодишен армиски резервист, со диплома од престижен универзитет, ќе го спасува нашето уставно  име. Кој може да се сомнева во благородните намери  на човекот кој не е духовен советник на Трамп, нема завршено факултет и никогаш не бил армиски резервист?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.