Жителите на Чикаго наскоро ќе добијат пловечка соларна патека. Група архитекти и дизајнери ја креираа Риверрајд, велосипедска патека што ќе се гради од челик.
Армиранобетонскиот мост ќе плови по реката Чикаго, а би го градел глобалниот лидер во пловечки објекти Marinetek, пишува Инхабитат.
Ќе бидат вградени соларни панели што ќе ја осветлуваат патеката и ќе го топат снегот и мразот.
При врнежи на снег би се активирале тенди и грајчи што ќе бидат вградени на површината на структурата.
Доколку градот го одобри овој проект, изградбата ќе започне годинава, а ќе заврши во 2019 година.