Турските власти, според медиумските извештаи, спречиле атентат врз вселенскиот патријарх Вартоломеј Први, јавува Дојче Веле.
Уапсено е едно осомничено лице, кое и‘ било познато на полицијата како десничарски националист. Атентатот, според медиумите во Турција, бил планиран за 29 мај, на годишнината од освојувањето на тогашен Константинопол, денешен Истанбул, од страна на Османлиите.
Државното обвинителство во Кајзери, во централна Анадолија, според медиумските извештаи, истражните дејства му ги предало на Врховното државно обвинителство во главниот град Анкара. Осомничениот, кој беше идентификуван како Сердар А., ги отфрла обвинувањата. Истражителите меѓутоа се уверени дека тој пред кусо време допатувал во Истанбул за да ги следи движењата на патријархот Вартоломеј Први.