Стотици кандидати се борат за да станат следниот претседател на Иран, со кандидати кои се движат од пријатели до непријатели на актуелниот претседател Махмуд Ахмадинеџад.
Вкупно 686 кандидати се регистрирани за изборите во јуни, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на државната Прес Иран ТВ.
Ахмадинеџад има ограничен мандат и не може да се кандидира по трети пат.
Но и други големи имиња се во комбинација, вклучувајќи го високиот помошник на Ахмадинеџад Есфандиар Рахим Машаеи и поранешниот ирански претседател Акбар Хашеми Рафсанџани.
Ахмадинеџад го тераше Машаеи да ја преземе претседателската функција со години, со оглед на тоа дека и двајцата се истомисленици во нивниот национализам и заеднички презир за свештеничкиот естаблишмент, според Џенив Андо, соработник за Блискиот Исток на Стимсон центарот и нерезидент соработник во Брукингс институција.