Јапонскиот премиер Шинзо Абе го опиша новиот американски претседател Доналд Трамп како „лидер од доверба“, откако вчера се сретна со него во Њујорк за да ги разјасни изјавите кои Трамп ги даваше во предизборната кампања, а кои предизвикаа загриженост во однос на сојузништвото на овие две змеји.
По набрзина подготвениот состанок со зградата на Трамп на Менхетен, што беше првиот состанок на Трамп со еден светски лидер од изборот, Абе изјави дека оваа средба го уверила дека новиот претседател е некој во кого има голема доверба.
– По овој разговор сигурен сум дека можеме да изградиме односи на доверба, изјави Абе.
Јапонскиот премиер рече дека со Трамп имал многу искрен разговор во исклучително топла атмосфера, истакнувајќи дека без доверба меѓу двете земји, јапонско – американскиот сојуз никогаш не би функционирал во иднина.
Тој му се заблагодари на Трамп дека се сретнал со него во време кога траат преговори за формирање на Кабинетот, воочи инаугурацијата во јануари.
Јапонскиот премиер не изнесе детали за состанокот, бидејќи разговорот бил неофицијален, но рече дека се договориле повторно да се сретнат за широка низа прашања.
Јапонија е еден од најблиските сојузници на Вашингтон, но Трамп ги загрижи креаторите на политиката во Токио со изјавите во предизборната кампања за можно повлекување на илајдници американски војници од регионот и најавите дека ќе го отфрли Транспацифичкото партнерство, голем трговски пакт кој беше поддржан од претседателот Обама и кој за Абе е еден од најголемите приоритети.




