Премиерот на Албанија Сали Бериша, пред одржувањето на на парламентарните избори на 23 јуни, издаде забрана за користење службени возила за време на изборната кампања.
Оваа забрана важи за сите вработени во администрацијата и во јавните претпријатија, но и за премиерот. Ниту премиерот, ниту министрите, но исто така ниту еден владин претставник и функционер од администрацијата нема да користи службено возило за изборната кампања. Бериша ги дематираше информациите дека ќе патувал со хеликоптер за време на кампањата:
Некој ќе рече дека јас ќе патувам и со хеликоптер, но тоа не било и нема да биде вистина, изјави Бериша.