Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изрази уверување дека новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ќе ја задржи посветеноста и лидерството на Америка во Алијансата и трансатлантската безбедност.
-Апсолутно сум уверен дека претседателот Трамп ќе го задржи американското лидерство во Алијансата, изјави Столтенберг во обраќањето на собирот на организацијата Германски Маршалов фонд во САД одржан во Брисел.
Тој рече дека неговиот Кабинет е во контакт со привремениот тим на Трамп и дека наскоро ќе разговара со него.
– Во овие несигурни времиња потребно е силното лидерство на Америка, рече Столтенберг. Тој додаде дека на Европа и е потребна Америка и обратно и дека двата континенти не ги поврзува само пријателство, туку и блиско економско партнерство и сојузништво.
-Постојат три приоритети за јакнење на трансатлантската безбендост. Првиот е повеќе пари за поголеми капацитети, вториот е сите напори на земјите членки да бидат комплементарни, а не конкурентни и третиот е дека соработката на НАТО и ЕУ е клучна за неа, реча Столтенберг.




