Во Берлин денеска се одржува последниот состанок на американскиот претседател во заминување Барак Обама со европските лидерти, чиј домаќин е германската канцеларка Ангела Меркел.
Во Кабинетот на Меркел, како што пренесе агенцијата АФП се наоѓаат претседателот на Франција Франсоа Оланд и премиерите на Италија, Велика Британија и Шпанија, Матео Ренци, Тереза Меј и Мариано Рахој. Германските медиуми пренесуваат дека тема на состанокот се кризите на Блаискиот исток и Украина и псоледиците од американските избори.
Белата куќа соопшти дека тие се согласиле дека е потребно да продолжи соработката во меѓународните организации како што е НАТО, како и тоа дека санкциите против Русија треба да останат на сила.
По неочекуваната победа на Трамп на претседателските избори, европските лидери бараа од Обама уверување дека САД ќе останат на обврските кон НАТО и за јакнење на трансатлантската безбедност.
Од Берлин Обама патува за Перу на Азиско пацифичкиот економски форум.




