Published: Saturday, November 19, 2016 13:43
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека во разговор со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп нагласил колку е неопходната трансатланстката соработка во врска со Украина, соопшти неименуван извор од ЕУ, пренесоа француските медиуми.
Туск му ја честитал победата на Трамп и го повикал на самит ЕИ-САД, вели изворот додавајќи дека Трамп се заблагодарил на поканата.
Трамп пак го повикал Туск да ја посети Белата куќа пред самитот, а пред неговара инаугурација на 20 јануари, објави телевизијата Франс 24.
Туск како што се наведува исто така разговарал и со украинскиот претседател Петро Порошенко од кого побарал поддршка од Трамп против Русија, објави истата телевизија.




