Со рекордно ниска излезност од само 45 % заврши гласањето на предвремените парламентарни избори во Бугарија.
Рејтинг агенцијата Алфа рисрч веќе објави дека ГЕРБ на Бојко Борисов ги добива овие избори со 4 % разлика пред Социјалистите на Сергеј Станишев.
Првичните прогнози упатуваат на тоа дека во парламентот влегуваат најмалку 4 партии, најголемо водство од 31 отсто има партијата на екс премерот Борисов, околу 27 отсто би освоила Бугарската социјалистичка парија, следува ДПС со 11 проценти и партијата на турците “Атака“ со 7,5 отсто.