Published: Monday, November 21, 2016 12:28
Француската полиција осуетила терористички напад во текот на викендот, изјави Бернар Казнев, министерот за внатрешни работи на Франција, објави Ројтерс.
Четворица мажи се уапсени во источниот дел на Стразбур, додека тројца се уапсени во јужниот дел на Марсеј, ноќта меѓу неделата и понеделникот.
Како што е најавено, министерот во текот на денот ќе соопшти повеќе детали.
Стразбур се наоѓа под степен на тревога по отворањето на Божичниот панаѓур, поради сериозна опасност од терористички напади.
Во Франција е прогласена вонредна состојба од терористички напади на исламската држава минатата година во Париз.




