„Криминалци и мафија” – со вакви пароли демонстрантите пред НДК ја урнаа оградата и се обидоа да се пресметаат со полицијата. Полицијата засега ја држат ситуацијата под контрола за да не се повторат сцените од предходните протести.
„Гласањето беше измама, уморни сме. Зошто не ни чуваат нас, а не оние кои не ограбија”, викаат разгневените демонстранти.
„Ако нема фер избори ќе добијат војна“, викаат демонстранти.
Веќе имаше и судир, некои луѓе беа удрени со палки поради обид да изврши инвазија на НДК, но сеуште нема тотална ескалација на тензиите.
Демонстрантите со факели фрлале кон полицјата, која направила обрач за да го спречи приближувањето кон НДК.
Во студиото на БTV Цветан Цветанов изјави дека е време политичките партии да дејствуваат како такви и да изработат политики, со кои ќе се управува со земјата. Ниту еден меѓународен набљудувач не рече дека изборите се компромитирачките, рече тој.