Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли по повод почетокот на изборната кампања на неговиот профил на Твитер ги повика политичките лидери да спроведат кампања без заплашување и насилство и да не поттикнуваат политички и меѓуетнички тензии.
Притоа тој упати апел секој граѓанин да го искористи правото на глас.
– Секој глас е значаен и затоа ги повикуваме сите граѓани да го искористат нивното демократско право да гласаат и на тој начин да ја кројат иднината на својата земјата, напиша американскиот амбасадор на Твитер.