Најмалку 17 луѓе се повредени со огнено оружје во пукотници за време на парадата по повод Денот на мајката во американскиот град Њу Орлеанс.
Од непознати причини за време на парадата три лица почнале да пукаат во поворката каде што имало околу 200 учесници
Меѓу ранетите има и едно 10-годишно дете, но нема загинати. Полицијата е во потрага по тројца луѓе осомничени за нападот.
Сè уште не се познати мотивите за нападот. ФБИ соопшти дека не се сомневаат во тероризам и оти веројатно се работи за „чин на улично насилство во Њу Орлеанс“.