Седумгодишно момче од Русија пред истражителите кажало дека го убило својот четиригодишен брат со пушката на дедо му во неделата навечер, јавува Ројтерс.
Детето на полицијата и рекло дека пушката ја нашло под креветот во куќата на своите баба и дедо па решиле да си играат со неа додека возрасните спиеле.
Во еден момент случајно го повлекол орозот додека се обидувал да му ја земе пушката на својот помал брат. Полицијата најпрво веруваше дека некој од надвор го убил детето.
Полицијата најави поднесување соодветна пријава против дедото на момчињата за нелегално поседување на оружје.