Во Турција денеска се отпуштени околу 15.000 јавни службеници, воени офицери, полицајци и над 500 институции се затворени во врска со истрагата за неуспешниот државен удар во јули годинава, објави Ројтерс.
Од турските вооружени сили отпуштени се 1.990 луѓе, 7.586 полициски службеници, 403 припадници на жандармеријата и над 5.000 јавни службеници поради сомневање дека се поврзани со терористичката оргаизација што ја сметаат за одговорна за обидот за пуч.
Со декрет на Владата наложено е затворање на 550 институции и 18 хуманитарни организации и девет медиумски куќи.
Од јули во Турција се отпуштени или суспендирани над 110.000 луѓе во војската, јавните служби, судството и други сектори, додека околу 36.000 луѓе се уапсени во рамки на истрагата, а згаснати се околу 130 медиуми.
За обидот за пуч, Анкара го обвинува муслиманскиот свештениикм Фетула Ѓулен кој живее во егзикл во САД и кој ги негира обвинувањата. Анкара побара до Вашингтон да го екстрадира.




