Дваесет и тригодишно момче од Русија било брутално претепано во рускиот град Волгоград, а неговите другари го оставиле да се бори за живот бидејќи мислеле дека е хомосексуалец, пренесуваат руски медиуми.
Поранешниот школски другар и уште еден човек биле уапсени под обвинение за убиството кое се случило во петокот.
Од обвинителството од Волгоград изјавиле дека еден од осомничените го признал делото, пренесува Руската информативна агенција.
Истражните органи потврдиле дека на момчето му биле нанесени тешки повреди и во делот на гениталиите. Името на жртвата сеуште не е објавено.
Хомосексулаците во Русија се често изложени на предрасуди како и притисок од власта. Рускиот парламент неодамна изгласа забрана за „геј пропаганда“.