Published: Thursday, November 24, 2016 09:35
За прв пат по 54 години во Токио заврна снег во ноември.
Медиумите објавија видеа и фотографии од, како што го нарекоа, невообичаениот настан за јапонската престолнина во овој период од годината.
Тротоари и автомобили во западните предградија на Токио се прекриени со снег, но поради повисоката температура на воздухот засега не се формира трајна снежна покривка.
Се очекува во планините на северозападот од Токио врнежите да се обилни.




