Два синдикати кои работат во Кроациа Ерлајнс ова утро излегоа на штрајк, барајќи одржување на стекнатите права од колективниот договор, поради што се откажани повеќе од 20 домашни и меѓународни редовни летови, а во меѓувреме, сите патници се згрижени и транспортирани до нивните дестинации.
Компанијата е пред колапс и таа е должна милијарди, пишува Јутарњи лист.
Синдикатите на пилотите и кабинскиот екипаж започнаа утрово од 6 часот штрајк за да се исполнат барањата, откако вчерашните долгочасовни разговори со управувата завршија без договор.
Од пилотите и стјуардесите имало разбирање и подготвеност за договор, но сепак, се верува дека ставот на управата е премногу силен. Штрајкувачите се надеваат дека денес продолжуваат разговорите.