Новинската агенција Асошиетед прес (АП) соопшти дека американскиот Департмент за правда два месеца тајно снимал телефонски разговори на неговите репортери и уредници, потег кој агенцијата го нарече „масивен и без преседан упад во известувањето на печатот“, јавува Си-Ен-Ен.
Претседателот на АП Гари Пруит вчера упати писмо со протест до главниот обвинител на САД Ерик Холдер, поради тоа што владата се обидела да дојде до информации без да ја оправда оваа истрага.
АП соопшти дека Департментот за правда известил дека пред неколку месеци биле земени снимки од разговори од телефонски компании и тоа за 20 телефони на вработени во оваа новинска агенција, во кои се вклучени разговори од АП на неколку бироа како и приватни линии на неколку вработени.
Владата од своја страна не даде објаснување за овој свој потег. Единствено, официјални претставници на американската влада претходно изјавија дека главниот обвинител води кривична истрага во врска со протокот на информации на Асошиетед прес, на 7 мај 2012 година за сторијата за контра терористичката операција во Јемен.