Екипата на Лестер одигра нерешен натпревар против Мидлзброу во 13. коло во Премиер лига (2:2), но испиша и историја во англиската прва лига.
Имено, „Лисиците“ во првите 12 кола освоија 13 бодови и тоа е најлоѓа одбрана на титула на еден клуб во последните 54 години.
Во историјата на англискиот шампионат само Ипсвич во сезоната 1962/63 освои 11 бодови, но преведено во денешна победа кога победата вреди три бода.
Моментално екипата на Клаудио Раниери ја делат само два пода од зоната на испаѓање, а колку е неговиот учинок лош во оваа сезона, зборува податокот дека успеале да победат само на три натпревари, додека шест изгубија.
Екипата на Лестер во 14. коло на Премиер лига ќе му гостуваат на Сандерленд.