Кандидатот на конзервативците Франос Фијон убедливо ќе ја победи лидерката на партијата на крајната десница Марин ле Пен на претседателските избори во Франција следната година, покажуваат резултатите на анкетата „Харис интерактив“.
Анкетата е објавена веднаш по победата на Фијон на внатрепартиските избори за претседателски кандидат на републиканците. Тој го победи Ален Жипе.
Фијон според анкетата ќе ја победи Ле Пен во вториот круг од изборите со 67 отсто од гласовите, наспрема 33, колку што ќе освои таа, објави Ројтерс.
Во првиот круг од гласњето, социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд би добил само 9 отсто од гласовите. Ако наместо него се кандидира Мануел Валс, и тој според оваа анкета би освоил исто толку гласови.
Бившиот министер за економија Емануел Макрон кој исто така ќе се кандидира би добил меѓу 13 и 14 проценти од гласовите.
Во анкетата учествувале 6.093 испитаници.




