Четворица американски службеници загинале во експлозија на бомба во провинцијата Хелманд, изјави НАТО.
Според Полковникот Томас Колинс, портпарол на НАТО, силна експлозија одекнала во близина на конвој, во вторникот во јужниот дел на провинцијата Кандахар, центарот на талибанското движење.
„Конвојот беше погоден од импровизирани експлозивни направи во областа Жари ова попладне,“ вели Колинс во изјавата за Асошиетед Прес.
Според него има голем број на повредени.
Ситуацијата е крвава веќе неколку дена за меѓународните сили во Авганистан. Три војници од Грузија беа убиени во понеделникот кога моќен камион-бомба експлодира пред портата на нивната база во соседна провинција на Хелманд