Published: Wednesday, November 30, 2016 13:03
Денеска во Белгија во повеќе одвоени антитерористички рации во врска со нападпт со мачета на припадници на полицијата во август, уапсени се шест лица.
Канцеларијата на федералниот обвинител соопшти дека се извршени 8 рации во околината на Шарлоа и дека се запленети неколку ножеви, од кои некои личат на оној што е користен во нападот.
Алжирецот Халеб Бабури (33) нападна со мачета и рани две полицајки на 6 август, по што третиот полицаец го застрела, објави агенцијата АП.




