Европската полициска служба Европол денеска соопшти дека уапсила 24 од 60 криминалци кои се наоѓаат на листата на најбарани во Европа.
Како што се наведува во соопштението, многу од криминалците од листата се кријат низ Европа поради што Европол заедно со Европската мрежа за барање бегалци (ЕНФАСТ) од 1 до 23 декември секој ден ќе објавува по една фотографија на бегалците кои се бараат во една од 23. различни европски земји.
Европол истакнува дека од почетокот на годината од кога е објавена листата со имињата и фотографиите на 60 најбарани луѓе, кои се осудени или се осомничени за убиства, киднапирања, тероризам, трговија со дрога, голем дел од нив се фатени благодарение на медиумското внимание кое таа листа го предизвика.
-Многу од нив и натаму се кријат во Европа и европските агенции за спроведување на законот заедно работата за да ги фатат. Сите овие криминалци бегаат од одговорност и казна, а тоа тешко се одразува не само врз жртвите, туку и врз семејствата и врз пријатеите на жртвите, се вели во соопштението.




