Леброн Џејмс е прогласен за најдобар спортист во САД за 2016 година во изборот на „Спортс Илустрејтед“. За кошаркарот на Кливленд кавалирс ова е втора победа во изборите на споменатиот магазин по 2002 година.
„Предводејќи го Кливленд до шампионската титула во НБА лигата, тој го исполни ветувањето што го даде за својот град и целиот регион“, стои во образложенето на магазинот.
Двапати во изборите на „Спортс Илустрејтед“ во минатото победуваше голферот Тајгер Вудс (1996 година и 2000 година), лани наградата ја доби Серена Вилијамс.
„Ова признание е голема чест. Но, знаете што мислам за индивидуалните награди, тие немаат исто значење како тимските трофеи. Пред се сум задоволен поради моето семејство“, рече Џејмс.