Published: Friday, December 2, 2016 09:16
Властите во Боливија ги суспендираа летовите на авиоанијата Ламиа, чиј авион пред два дена се урна во централна Колумбија и го смени раководтсвото на компанијата.
Како што објавува Ројтерс, меѓународните летови бараат од компаниите да се грижат во авионот да имаат доволно гориво, дури и за 30 и повеќе минути лет отколку што е потребно.
-Во овој случај за жал компанијата не обезбедила доволно гориво, изјави секретарот за безбедност на летовите Фреди Бонила.
Во уривањето на авионот загинаа 71 лице, а меѓу нив фудбалерите од бразилскиот клуб Шапиокоенсе кои патуваа на регионален куп во Бразил. Шестмина ја преживејаа несреќата.




