Еден од двата реактори на нуклеарната електрана во Тсуруга во западниот дел на Јапонија е запрен поради активни геолошки пукнатини на кои се наоѓа електраната, беше потврдено во конечниот извештај на експерти од јапонската нуклеарна енергија.
Освен во случај на нови факти кои би ги поништиле овие проценки, што е малку веројатно, реакторот нема да добие безбедносен сертификат, што ќе го спречи неговото повторно пуштањето во работа.
Заклучоците на експертите ќе бидат претставени на властите кои ќе ја донесе конечната одлука, објасни портпаролот на институцијата. Денес, само два од 50 реактори во Јапонија се во функција, а останатите беа запрени како мерка на претпазливост во пресрет на новите безбедносни стандарди кои се во својата финална фаза и треба да стапат во сила во јули оваа година
До овие построги стандарди дојде по нуклеарна несреќа во Фукушима во 2011 година..