Руски авион „сухој 33“ се урна во Медитеранот по неуспешниот обид да слета на носачот на авион „Адмирал Кузњецов“, пренесува Спутиник Интернционал.
За среќа пилотот на време се катапултирал и не е во животна опасност, објави Министерството за одбрана на Русија.
-По завршувањето на задачата во Сирија, авионот се лизна од палубата поради проблеми со системот за запирање. Пилото се катапултирал, по што спасувачите безбедно го извлекоа и тој не е во животна опасност, објавија од Министерството.
Ова е втор изгубен руски борбен авион од флотата на овој носач на авиони во текот на неговата мисија во Средоземното море.
Претходно, авион од типот МИГ 29 не успеа да слета и остана без гориво, откако екипажот на носачот не успеа да го оспособи системот за кочење.
Присуството на руската флота во водите на Медитеранот од 15.октомври е зголемено. На носачот „Адмирал Кузњецов“ му се приклучи и воениот број „Петар Велики“ и разурнувачите „Северноморск“ и „Вицеадмирал Кулаков“.
Авионите „сухој 33“ кои се наоѓаат на носачот „Адмирал Кузњецов“ непрекинато учествуваат во воените операции во Сирија, делувајќи врз ќелиите на исламската држава.




