Published: Monday, December 5, 2016 22:01
Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, со која се бараше седмодневно примирје во сирискиот град Алепо, при што Русија тврди дека со тоа на бунтовниците би им се овозможило да се прегрупираат и дека е потребно време за разговорите меѓу Вашингтон и Москва.
Ова е шести пат Русија да стави вето на резолуција на Советот за безбедност за Сирија од 2011 година, а Кина тоа го направи по петти пат.
И Венецуела гласала против резолуцијата, чии автори се Нов Зеланд, Египет и Шпанија, додека Ангола била воздржана.
Останатите 11 држави ќленки на СОветот за безбедност на УН гласаа во корист на резолуцијата, наведува Ројтерс.




