Сините од Лондон со триумф во вечерашното финале би можеле да им се придружат на Баерн Минхен, Ајакс, и Јувентус во елитната група на клубови кои освоиле три големи УЕФА титули. Победата на Челзи во второто по големина натпреварување ќе ги направи четврти клуб во историјата кои ги освоиле и Лигата на шампионите, и Лигата на Европа, како и Купот на победниците.
Челзи во овој натпревар на Амстердам Арена ќе настапи без еден од најдобрите играчи, Еден Хазард, додека привремениот тренер Рафаел Бенитез изјави дека учеството на капитенот Џон Тери ќе се знае точно пред натпреварот.
Португалскиот клуб Бенфика, го освои некогашниот Европски Куп во два последователни наврати во 1960/61 и 1961/62, но оттогаш наваму не го почувствувале вкусот на славата во едно големо европско натпреварување.
За фудбалерите на Челзи, изведувањето пенали не доаѓа во предвид.
„Не трениравме изведување пенали пред натпреварот и мислам дека нема ни да го правиме тоа“, вели Френк Лампард, еден од најискусните фудбалери во европските натпреварувања.
Напаѓачот на Бенфика, Ола Џон, го потенцираше токму искуството и квалитетот на Лампард како можен одлучувачки фактор во крајниот исход на финалето на Лигата на Европа.
„Квалитетот на Лампард е очигледен. Тој е таму долго време, и тој може да ја промени ситуацијата“, изјави Џон на прес-конференцијата во пресрет на финалето.
За тренерот на Бенфика, Жорге Хесус, освојувањето на трофејот е од големо значење за зајакнување на тимот.
„Сите ќе бидат исполнети ако ја освоиме Лигата на Европа. Тоа што дојдовме до финалето е од особена значајност, но освојувањето е уште поважно“, изјави Хесус.
Финалниот натпревар во Лига Европа на „Амстердам Арена“ ќе започне во 20:45 часот.