Синдикатите на пилотите и екипажот во „Кроација ерлајнс“ денеска продолжуваат да штрајкуваат, бидејќи ниту вчера не успеаја да постигне договор со управата за нивните барања.
Меѓународните и домашни редовни летови ќе се вршат според ревидираниот распоред, очекуваните делумно нарушување на сообраќајот, бидејќи поголемиот дел од патниците се транспортираат од страна на „Кроација ерлајнс“, известува ХРТ.
Еден дел од патниците ќе бидат транспортирани со авиони на партнерските фирми.
За денешните летови регистрирани се околу 5.600 патници, а една петтина од нив можат да очекуваат прекини во плановите за патување.
Во знак на солидарност на штарјкот на пилотите и стјуардесите денеска од 7 до 10 часот својата работа ќе ја прекинат Загреб паркинг, Тржница Загреб и Водоснабдување и канализација.