Над 50 американски медиумски организации вчера протестираа поради прислушкувањето и потоа конфискување на снимките на телефонските разговори на скоро 20 уредници и новинари од светската новинска агенција Асошиејтед прес, јавува Хафинтон Пост.
Во отворено писмо до Министерството за правда медиумите пишуваат дека конфискувањето „под прашање ја става чесноста на практиките на министерството кон медиумите и неговата способност да најде баланс меѓу своите надлежности за заштита на правата и правата на медиумите и јавното мнение, како што се формулирани во Првиот амандман на Уставот, што ја гарантира слободата на печатот”.
Меѓу потписниците на писмото сe , „Њујорк тајмс”, „Тајм Инк“, „Вашингтон пост“, “Њусвик”, “Ројтерс” и др..
Вчера министерот за правда Ерик Холдер изјави дека конфискацијата на снимките од телефонските разговорила била направена поради подобрување на безбедносната состојба, но американските медиуми сметаат дека ваквиот потег на американското министерство за правда е резултат на известувањето на агенцијата во врска приказната за контра- терористичката организација во Јемен.