Би сакал да ви кажам дека се опоравувам многу добро, порача Алан Рушел, фудбалерот на бразилскиот клуб Шапекоенсе, еден од преживеаните и првиот што беше спасен по авионската несреќа во Колумбија.
Оваа порака тој ја испрати од болницата каде во придружба на лекар ги направи првите чекори.
Рушел се наоѓа на клиниката во Рионегра каде се опоравува од повеќекратни скршеници, но според лекарите тој секојдневно напредува.
-Свесен е и добро се чувствува бидејќи за среќа не претрпел скршеници на рбетот. Тој дури почна и да оди, изјави лекарот ортопед Маркос Андре Сонаљи.
Деветнаесет фудбалери на Шапекоенсе и уште 52 други патници и членови на екипажот загинаа во уривањето на авион на боливиската авиокомпанија Ламиа во Колумбија минатата недела. Рушел е првиот од преживенаите кој и се обрати на јавноста.





