Самоубиствен бомбашки напад утринава бил извршен врз воен конвој на војници од ИСАФ во индустриската зона на Кабул.
Најмалку шест авганистански цивили се убиени откако бомбаш-самоубиец нападнал конвој на странски воени возила, соопшти полицијата.
Нападот бил активиран со автомобил Тојота Корола полн со експлозиви.
Според полицијата, околу 10 куќи биле сериозно оштетени.
Одговорноста за нападите ја презедоа Хезб-Ислами групата, поврзана со Талибанците.
Последната голема експлозија во Кабул беше на 9 март, кога бомбаш-самоубиец на велосипед изврши напад во кој загинаа девет луѓе надвор од Министерството за одбрана за време на посетата од страна Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.