Јужнокорејкиот парламент изгласа претседателката Парк Геун хје да биде отповикана од функцијата поради вмешаност во корупцiски скандал, со што повикот за нејзината оставка сега стана и официјализиран од една од највисоките институции во државата.
Веднаш по гласањето на Парламентот, Парк свика сендица на нејзиниот Кабинет, јави агенцијата Јонхап.
Агенцијата Асошиетед прес јави дека стотици демонстранти се собрале пред зградата на Парламентот за време на гласањето и скандирале барајќи оставка од Парк.
По изгласувањето на импичментот, Уставниот суд има рок од 180 дена да одлучи дали формално ќе ја отстрани претседателката од функцијата или ќе и ги врати овластувањата. Иако првично беше најавено дека Парк ќе остане на функцијата се до конечната одлука на судот, сепак надлежностите најверојатно ќе ги преземе премиерот.
Во скандалот што долго време ја потресува политичката сцена во земјата, е вмешана пријателка и блиска соработничка на претседателката Парк, која како што се наведува во обвинението наведувала еиндустриски компании да вложуваат во сомнителни фондови, а потоа тие пари ги користела за лични потреби.
Скандалот предизвика масовни протести во земјата, на кои присуствуваа стотици илјади граѓани.




