Командантот на бунтовничката бригада во Сирија, кој од неодамна го шокираше светот со снимки на кои е прикажано како јаде “срце” на убиен сириски војник, призна дека тој го извршил овој грд чин и заклучува: “Нашиот слоган е – око за око, заб за заб”.
За магазинот Тајм, Халид ал-Хамад, командантот на опозициската бригада во Сирија Омар ал-Фарук, изјави дека не се работи за срцето на убиениот војник, туку неговите бели дробови и заклучи дека неговата акција не е насочена против режимот на Башар ал-Асад, туку против криминалот во Сирија.
Ал Хамад сепак тврди дека мртвиот војник чии бели дробови беа изедени всушност бил силувач.
Toj открил дека и режимските сили и опозицијата снимаат тортури како би го заплашиле и тероризирале противникот и се пофалил дека има видео во кое со моторна пила се масакрирани приврзаниците на Башар ал-Асад.