Јужнокорејската претседателка Парк Геун хје денеска и официјално претстана да ја извршува функцијата, а за вршител на должноста е назначен премиерот Хуанг Кјо ан.
Претходно Парламентот изгласа отповикување на Парк поради вмешаност во корупциски скандал, а откако одлуката е испратена во Кабинетот нејзините овластувања се укинати, јави агенцијата АП.
Премиерот Хуанг Кјо ан ќе ја извршува должноста шеф на државата додека Уставниот суд не одлучи дали и официјално е прекинат претседателскиот мандат на Парк или евентуално не ја врати на функцијата.
Судот има 180 дена да одлучи.
Отповикувањето на претседателката е изгласан откако изби скандал во кој е вмешанта пријателка и блиска соработничка на Парк, која наведувала индистриски компании да вложуваат во сомнителни фондови, а партите ги користела за лични потреби.
Скандалот предизвика масовни протести низ земјата на кои учествуваа стотици илјади луѓе.
Парк веднаш по гласањето во Парламентот се извини за политичкиот хаос во земјата и апелираше до владата да остане единствена за кризата да не влијае на националната безбедност и економијата.
– Им се извинувам на сите граѓани поради тоа што создадов национален хаос со своето невнимание додека нашата земја се соочува со многу проблеми, од економски до безбедносни, изјави Парк во телевизиското обраќање.




