НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

CNN Анализа: Кога човек му го јаде срцето на друг човек

0
By Нова ТВ on May 16, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Откако беше објавено видеото на кое Сириски бунтовник му го вади срцето на мртов човек и истото го јаде, а неговите другари извикуваат „Господ е голем“, CNN направи анализа за тоа како е можно едно човечко суштество да направи такво дело.

Луѓето би рекле: Ова мора да се чудовишта, ваквите луѓе не се како нас, нив никогаш нема да ги разбереме.

Далеку пострашна можност со која мора да се соочиме е дека таквото зло не е ѓаволски нечовечко или надвор од разумот. Тоа е човечко – многу човечко.

Како може еден обичен човек да направи нешто толку страшно? Воените злосторници не започнале со сецкање на тела, измачувања на селани, или масакрирање деца. До тоа стигнале полека. Има луѓе кои се природни чудовишта, но повеќето чудовишта се создадени од луѓето.

Најпрво, да земеме за пример еден човек, кој се изолира. Се оддалечува од неговата фамилија и пријателите и се става во информациски балон, ехо комора, се отсекува од надворешниот свет. Неговиот дотогашен комфор се адаптира на состојбата во новата средина, експлотирајќи ја неговата несигурност и потреба од одобрение. Ова е првиот чекор во секоја војна.

Второ, се тренира да мисли дека светот е обоен во црно и бело, без нијанси на сиво. Се тренира да размислува во или-или, бинарно размислување. Или си мој пријател, или непријател. Или си чист или нечист. Или луѓето кои ги сакаш се безбедни или се во непосредна опасност. Или си целосно во право или не си воопшто.

Трето, треба да се истроши физички. Да му се скрши телото и духот – преку брутален тренинг или предолга борба, се додека не дојде до тоа да размислува нејасно. Се изложува на систем на груби и произволни казни и подеднакво произволни награди. Се условува да се чувствува беспомошно. Човекот кој се чувствува како да изгубил целосна контрола над својот живот е опасен човек, бидејќи повредувањето на другите е чувство на поседување контрола.

Четврто – ова е најважниот дел, сѐ започнува полека. Се работи полека до степенот на злосторство, чекор по чекор. Човекот се наоѓа во чудна и застрашувачка средина со минимум можност за промена. Агресивноста се остава да ескалира. Секој зол акт кој ќе го направи додека се обидува да преживее, ќе придонесе следниот чекор да му биде многу полесен, многу поприроден. Првиот пат откако ќе убие селанец, тоа е застрашувачки. Вториот пат, тешко е. Третиот или четвртиот пат, ќе почне да се чувствува се полесно. Евентуално, ќе се најде себе си натпреварувајќи се со колегите војници „кој може да го направи тоа побрзо, почесто, покреативно?!“

Во војна, дали сме осудени секогаш да се спуштиме до варваризам?

Одговорот е НЕ. Грозоморното видео од Сирија не е неизбежно. Истите чекори кои се употребуваат да се создаде монструм, можат да бидат употребени за да се запре монструозноста – само треба да се направи обратна пирамида на чекорите. Некои луѓе се родени херои, но повеќето од нив се создадени. А се прават токму на овој начин.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.