Мајкл Џордан е најбогат спортист на сите времиња. Ова го покажува најновата листа на магазинот „Форбс“. Кошаркарската легенда на САД и на Чикаго Булс е лидер со 1,7 милијарди долари, а по него следуваат уште четворица (тројца голфери и возач во Формула 1) со статус на милијардери. На сметка на Тајгер Вудс легнале 1,6 милијарди долари, Арнолд Палмер заработил 1,35 милијарди долари, Џек Никлаус – 1,15 милијарди, топ 5 завршува со Михаел Шумахер (1 милијарда долари).
Интересно е што во топ 10 на листата има само еден фудбалер и тоа поранешен. Дејвид Бекам го дри деветттото место со 730 милиони долари, пет позиции под него е Потугалецот Кристијано Роналдо со богатство проценето на 620 милиони долари. Сто милиони помалку од него има Аргентинецот Лионел Меси кој е 17 според „Форбс“.
Меѓу најбогатите 20 во светот, пак, има само еден тенисер. Тоа е Швајцарецот Роже Федерер кој е 15 на листата со 600 милиони долари.
Листа на најбогати спортисти според магазинот „Форбс“
Мајкл Џордан (кошарка) – 1,7 милијарди долари
Тајгер Вудс (голд) – 1,6 милијарди долари
Арнолд Палмер (голф) – 1,35 милијарди долари
Џек Никлаус (голф) – 1,15 милијарди долари
Михаел Шумахер (формула 1) – 1 милијарда долари
Коби Брајант (кошарка) – 770 милиони долари
Флојд Мејведер Џуниор (бокс) – 765 милиони долари
Фил Микелсон (голф) – 760 милиони долари
Дејвид Бекам (фудбал) – 730 милиони долари
Шекил О’Нил (кошарка) – 700 милиони долари
Мајк Тајсон (бокс) – 685 милиони долари, итн.