Дејвид Бекам се пензионира, ставајќи крај на една блескава кариера на теренот.
Од неговото деби за Манчестер Јунајтед пред две декади, 38-годишниот Бекам се покажа како икона во спортот во својата генерација, водејќи го националниот тим како капитен, настапувајќи 115 пати за својата нација, и уживајќи го статусот на шампион во 4 различни земји – единствениот Британски фудбалер на кој му успеало тоа.
„Благодарен сум на раководството на Париз Сент-Жермен што ми овозможи продолжување на кариерата, но чувствувам дека сега е вистинскиот момент да ја завршам, играјќи на највисоко ниво.“
Фудбалската икона кој играше за некои од најголемите клубови во светот, како што се Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан и Лос Анџелес Галакси, ќе го продолжи своето учество во фудбалот преку амбасадорските должности за различни организации, меѓу кои Скај Спорт, Адидас , УНИЦЕФ, како и промовирање на фудбалот во Кина.
Неговото огромно богатство од околу 165 милиони фунти го прави најбогат спортист досега во британскиот спорт, со доста профитабилни спонзорски договори и високи плати во текот на последната деценија.