Државната изборна комисија доцна вечерва излезе со проекции на мандатите на политичките партии врз основа на на оригиналните записници за сумирање и утврдување на резултатите од општинските изборни комисии врз основа на 100 проценти обработени податоци.
ВМРО ДПМНЕ: 51 пратеник
СДСМ: 49 пратеник
ДУИ: 10 пратеници
БЕСА: 5 пратеници
Алијанса за Албанците: 3 пратеници
По изборни единици, како што соопшти претседателот на ДИК Александар Чичаковски сликата изгледа вака:
ИЕ 1
ВМРО ДПМНЕ 33,44% или 8 мандати
ДПА 2,23 %
ДУИ 5,92%
СДСМ 42,35% или 10 мандати
Коалиција за промени и правда 1,45%
Алијанса на Албанците 1,73%
ЛП 0,23%
ВМРО за Македонија 1,75%
Беса 5,32% или 1 мандат
Левица 2,09%
ИЕ 2
ВМРО ДПМНЕ 36,15 % или 9 мандати
ДПА 2,91 %
ДУИ 8,27% или 2 мандати
СДСМ 34,25% или 8 мандати
Коалиција за промени и правда 1,45%
Алијанса на Албанците 2,97%
ЛП 0,36%
ВМРО за Македонија 1,60%
Беса 7,90% или 1 мандат
Левица 1,18%
ИЕ 3
ВМРО ДПМНЕ 50,36 % или 11 мандати
ДПА 0,29 %
ДУИ 0,56%
СДСМ 39,79% или 8 мандати
Коалиција за промени и правда 0,67%
Алијанса на Албанците 2,97%
ЛП 0,36%
ВМРО за Македонија 3,28%
Беса 7,90% или 1 мандат
Левица 0,87%
ИЕ 4
ВМРО ДПМНЕ 47,96 % или 10 мандати
ДУИ 0,23 %
СДСМ 44,73% или 10 мандати
Коалиција за промени и правда 0,89
ЛП 0,28%
ВМРО за Македонија 2,23%
Левица 0,66%
ИЕ 5
ВМРО ДПМНЕ 38,51 % или 9 мандати
ДПА 1,82 %
ДУИ 7,44% или 1 мандат
СДСМ 37,81% или 9 мандати
Коалиција за промени и правда 0,66%
Алијанса на Албанците 3,92% или 1 мандат
ЛП 0,23%
ВМРО за Македонија 2,64%
Беса 2,75%
Левица 1,07%
ИЕ 6
ВМРО ДПМНЕ 16,55 % или 4 мандати
ДПА 10,27 % или 2 мандати
ДУИ 25,70 % или 6 мандати
СДСМ 16,35 % или 3 мандати
Коалиција за промени и правда 0,15 %
Алијанса на Албанците 11,38% или 2 мандатИ
ПДП 0,72%
ВМРО за Македонија 0,58 %
Беса 15,86% или 3 мандати
Претседателот на ДИК рече дека резултатите од седмата ИЕ или дијаспората се уште не се познати бидејќи од нив се пребројани нешто повеќе од 80 проценти.
Додека траеше прес конференцијата симпатизери на владејачката партија надвор извикуваа „ВМРО ДПМНЕ“.
СДСМ и Беса најавија жалби на резултатите. СДСМ уикажува на нерегуларности во ИЕ 6, додека БЕСА како што изјави нејзиниот лидер во интервју за НОВА ќе се жалат на резултатите во ИЕ 6 и во ИЕ 2.
-Имаме информации дека постои несогласување меѓу реалните записи од терен и бројките во ДИК. Тоа не оштети нас. Поднесовме жалби и чекаме ДИК да ги спореди реалните податоци со извештаите кои тие ги добиле. Резултатите од избирачките кутии кои ги регистрираа нашите набљудувачи не кореспондираат со електронските извештаи испратени во ДИК. Тоа го имаме документирано. Според нас оштетени сме за еден пратеник во ИЕ 2 од ВМРО ДПМНЕ и за еден пратеник во ИЕ 6 од ДУИ, изјави во интервју за НОВА, претседателот на Беса , Биљал Касими.