Жртвите во бомбашкиот напад на бостонскиот маратон биле колатерална штета, затоа што целта било одмазда за американските војни во муслиманските земји. Ова го напишал преживеаниот осомничен, во пораката на бродот каде бил пронајден како се крие, јавува Си-Ен-Ен.
Во пораката, Џохар Царнаев исто така изјавил дека нападот на еден муслиман е напад врз
сите, и рекол дека нема да му недостасува постариот брат Тамерлан Царнаев – кој почина по оружените судири со полицијата три дена по бомбардирањето, затоа што тој набрзо ќе му се приклучи.
Oва пишување на внатрешноста на бродот се вклопува во она што , 19. Годишниот Џохар, го изјави пред иследниците на сослушување во болница во Бостон кратко време по неговото апсење.
Фотографијата која е со инфрацрвени зраци, го покажува осомничениот како се крие.