Најголемиот проект на НАСА е во криза! Поточно, откриен е дефект во вселенскиот телескоп Кеплер кој ги истражува планетите оддалечени илјадници светлосни години.
Ова е сериозен системски неуспех, соопштуваат од НАСА, додавајќи дека телескопот престанал да се движи.
Инженерите на НАСА имаат забележано дефект кога Кеплер го имаат поставено на “безбедно ниво”. Тие откриле дека дефектот се случил на вториот од четирите тркала со кои се движи телескоп. Вселенскиот телескоп Кеплер бил испратен во вселената да се истражи состојбата на планети слични на Земјата и на кои би можело да се воспостави живот.
Сепак, по прекинот на работа на телескопот, постои можност мисијата да биде прекината ако не се изнајде решение како да го поправат телескоп.
Заменик директорот на проектот на НАСА Чарлс Собек изјави дека во моментов не може да се движат кон местото кое планираа да го истражуваат.
Сепак заменик директорот за истражување на НАСА Џон Грунсфид вели дека “Кеплер уште не доживеа катастрофа и пораз, бидејќи постои можност да го надминеме овој проблем.”
Телескопот Кеплер беше лансиран во вселената во 2009 година и се до сега работеше без било какви проблеми и дефекти. Проектот Кеплер во вредност од 600 милиони долари е под надлежност на Амес, истражниот центар на НАСА.