Студентите на Белградскиот универзитет и Универзитетот на уметностите упаднаа во зградата на Ректоратот.
Тие носат огромен транспарент на кој пишува: Знаењето не е стока.
Според студентското движење „Борба за знаење“ целта на оваа акција е да се сврти вниманието кон лошата положба на студентите во Србија.
Тие се соочуваат со недостаток на перспектива, ограничување на нивниот пристап до образованието и арогантниот однос на образовните институции кон студентските права. Студентите направија листа на барања:
1. Намалување на школарината;
2. Запирање на процесот на укинување на автономијата на универзитетите;
3. Јавна поддршка на наставниците во борбата за јавно финансирање на образованието
Студентите ги повикаа колегите и колешките, професорите и професорките да ги поддржат нивните барања и да дојдат на Собирот, кој ќе се одржи вечерва во 20 часот во зградата на Ректоратот.