Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апсурдот и лицемерието тема во филмот на Игор Иванов Изи

0
By on May 17, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 17, 2013 11:27


Режисерот Игор Иванов Изи ја најави премиерата на својот нов филм „Соба со пијано“ за отворањето на 34. издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.

„Оваа студија на епизодни карактери, поместена на единствена локација е огледало на сета хипокризија, апсурд и на сета декаденција на генерацијата на која припаѓаме и искрено верувам дека со сопствената актуелност, естетска рамка и со уникатноста ќе успее да допре до различните генерациски, социјални и културни нивоа на македонската кино-публика.

„Соба со пијано“ обединува извонредна интернационална авторска и актерска екипа на која сум бескрајно благодарен на безрезервниот влог во проектот, особено во
доменот на актерската игра, на фотографијата и на музиката, кои на проектот му
овозможуваат вонредна артистичка и продукциска вредност“, вели Изи.

Филмот е работен по сценарио на Жанина Мирчевска и режисерот Игор Иванов, продуцент е Томи Салковски, кој е и директор на фотографија. Сценограф е Миленко Јеремиќ, оригиналната музика е на Чили Гонзалес. Филмот е копродукција меѓу македонската продуцентска куќа „Скопје филм студио“ и партнери од Словенија и Србија.

Во главните улоги настапуваат познатиот српски актер Светозар Цветковиќ и македонските актери Јовица Михајловски, Наташа Петровиќ и Васил Зафирчев.

Филмот „Соба со пијано“ е приказ на различни животни судбини доведени на оваа единствена локација од чиј ракурс можат да се допрат најсуштествените аспекти на нашето постоење. Фрагментите од животите на овие „егзистенцијалистички“ карактери се сосем доволни пред нашите очи да истече целиот нивен животен пат.

Мотивите се претвораат во фрустрации, амбициите и мечтите водат кон пропаст. Иако нималку слични, претставници на сосема различни социјални и културни групи, овие ликови се обединети во бесмислата на животот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.