Британскиот јавен сервис Би Би Си во опширна репортажа, го споредува сирискиот град Алепо со Сребреница, во Босна и Херцеговина и констатира дека меѓународната заедница ништо не научила од тој пример.
Во разговорот со преживеаните од Сребреница, кои зборуваат за тоа како ја гледаат ситуацијата во Алепо, Би Би Си потсетува дека тоа злосторство во БиХ се случило на 11 јули 1995 година, а две години претходно ОН прогласија област безбедна за цивили.
Како што објавува британскиот медиум, босанските муслимани од околните области барале во Сребреница спас, додека босанските Срби вршеле етничко чистење, протерувајќи го несрпското население.
– Околу 20.000 бегалци избегаа од Сребреница, тогаш под заштита на холандските мирвници на ОН. Меѓутоа, силите на босанските Срби предводени од командантот Ратко Младиќ го окупираа градот и започна геноцидот, истакнува Би Би Си.
Сребреница, според овој медиум е најголемото злосторство во Европа од Втората светска војна. „За само неколку дена се убиени 8.000 мажи и момчиња. Прашањето што останува до ден денес е што направија мировниците за да ги заштитат убиените“, пишува Би Би Си.
Како што се наведува, иако околностите во Алепо и Сребреница се различни, барем по тоа што нема припадници на ОН во областите под опсада, оние кои ја преживеале Сребреница се бесни што меѓунароните сили не ги заштитуваат цивилите кои повторно се на нишан.
Според Би Би Си, повикувајќи се на проценките на ОН, во Алепо има околу 50.000 цивили чија судбина е под знак прашање.
Бунтовниците кои се против претседателот Башар ал Асад од 2012 година го држат под опсада источниот дел на градот. Меѓутоа, големата офанзива на сириската војска, со поддршка на руските сили од воздух, доведе до тоа бунтовниците во моментов да контролираат само 2,5 километри квадратни.
Исто така, ОН наведува дека постојат релевантни докази за погубување на 82 цивили, што сириската влада го негира. Жителите на Алепо велат дека на улиците се наоѓаат тела и дека луѓето се плашат да излезат за да ги тргнат, истакнува Би Би Си, додавајќи дека нема храна, како ни лекарска помош за повредените, а многумина се толку очајни што на социјалните мрежи пишуваат проштални пораки.
-Луѓето во Алепо се чувствуваат исто како и ние. Се чувствуваме напуштено, како д ане припаѓаме на човештвото. Не не третираа како луѓе. постојано повторуваме “никогаш повеќе“, но кога ќе дојде до акција не правиме ништо да спречиме такви нешта да се повторат. Изгледа светот ништо не научи. Живееме во модерен свет со технологија и немам никакви изговори да кажеме „не знаеме“, вели Хасан, кој ја преживеал Сребреница, во сведоштвото за Би Би Си.
Тука британскиот свервис ја пренесува и приказната на Неџат Авдиќ кој со татко му, како и Хасан исто така успеал да избега во Тузла. Сребреница ја напуштил во 1993 година кога босанските СРби во близина му ја уништиле куќата. Кога градот „падна„ во 1995 годиан имал 17 години. Опишувајќи ја ситуацијата во која се наоѓал, раскажува дека со 2.000 луѓе им се предал на Србите.
И Авдиќ раскажува дека „се гледа себе си во сликите на децата од Алепо“.
-Се надеваат дека некој ќе им помогне, но надежта им е залудна. Многу веројатно е дека Алепо ќе ја има истата судбина како и Сребреница. Го преживеав геноцидот, па доволете ми да му упатам порака на светот: Не дозволувајте Алепо да биде нова Сребреница“, вели тој.
Емир Суљагиќ е третиот соговорник на Би Би Си. Имал 17 години кога пребегал од Братунац до Сребреница во 1993 година. И тој не гледа разлика меѓу Сребреница и Алепо, односно БиХ и Сирија. „Кажете ми што е поинаку“, вели тој во репортажата на британскиот јавен сервис.





