По паузата од еден час претставниците на Државната изборна комисија, ќе се вратат на седница за да продолжат да одлучуваат за приговорите на партиите БЕСА и СДСМ.
Досега, само еден приговор е прифатен да се разгледува од вкупно осум коишто политичката партија БЕСА ги достави до Државната изборна комисија, а кои што се разгледуваат на денешната седница.
Претседателот Чичаковски ја задолжи службата на ДИК да отворат гласачка кутија и да ја донесат конкретната гласачка кутија на којашто се однесува приговорот, како и и претседателите на избирачкиот одбор и на општински изборни комисии. Овој приговор на БЕСА се однесува на тоа дека на гласач му било оневозможено да гласа поради тоа што претходно некој веќе го искористил неговото право и бил потпишан во списокот.
Избирачкиот одбор и на општинската изборна комисија ќе треба јавно да сведочат и да присуствуваат на отворањето на гласачката кутија. Инаку, овој проблем е заведен и во записникот на општинската изборна комисија во избирачко место во Гостивар.
Проследете го продолжението на седницата на ДИК во живо на видеото на НОВА.